Бугати го претстави најскапиот модел во светот

Од:

Францускиот производител на луксузни автомобили, Бугати го претстави најскапиот модел во светот, кој е продаден за 9,7 милиони евра на таен купувач.

Посетителите на саемот за автомобили во Женева можеа да го видат црниот автомобил, а се верувадека го купил Фердинанд Пиех, внукот на основачот на Порше.

Претходниот рекорд изнесуваше осум милиони евра, колку што чинеше моделот на Ролс Ројс – Sweptail.

Овој модел на Бугати е произведен во чест на 110. роденден на компанијата и има 20 пати појак мотор од Форд Фиеста.

Пиех е извршен директор на „Фолксваген”, а оваа компанија сега е сопственик на „Бугати”. Познатиот производител најави дека купувачот е ентузијаст кој го сака Бугати.

Првиот човек на Бугати, Стефан Винкелман, рече дека црниот автомобил е вистинска комбинација на технологија, естетика и луксуз. Каросеријата на возилото е изработена од јаглеродни влакна, а 16-цилиндричниот мотор има 1,5 илјади коњски сили.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on