На Детската Евровизија, што на 19 декември ќе се одржи во Париз, Бугарија ќе ја претставуваат Денислава Димитрова и Мартин Стојанов со песната „The Voice of Love“, чии автори се македонското трио Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова.
Официјалното претставување на песната „The Voice of Love“ ќе се одржи в сабота во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ 1.
Денислава Димитрова и Мартин Стојанов потекнуваат од вокалното студио „Сарандев“ од Добрич. Тие имаат освоено бројни награди, а музиката е дел оÐ ´ нивниот живот уште од раното детство. Како дует настапуваат од 2017 година под раководство на вокалниот педагог Елена Карабелова.
На 19-то издание на Детската Евровизија ќе настапат изведувачи од 19 земји.