Дваесетгодишниот Авганистанец Абуз Ализада станува еден од најпопуларните ликови на социјалните мрежи низ Азија, а многумина веќе прогласија дека е пронајден вистински наследник на легендарниот Брус Ли.
Фејсбук страницата „Брус Хазара’,’ на која Авганистанецот ги презентира своите вештини од кик боксот и џудото, секојдневно добива десетици илјади приврзаници и поддржувачи. Неговите мајсторства во боречките вештини често се прикажуваат и на телевизиите во повеќе азиски држави.
Приказната за Абуз Ализада деновиве ја објави и тиражниот сингапурски „Стрејт тајмс’’, кој предвидува блескава иднина на овој млад човек и во светот на филмот.
Сега се изгледа како бајката да станала реалност, бидејки Ализада е роден во семејство со 10 деца, покажувал извонреден талент уште од најмала возраст, но неговите немале пари да го запишат на курсевите за кик бокс и џудо. Талентот го запазил познат тренер Кинез, кој работи во Кабул и почнал да го тренира.
„Новиот Брус Ли“ во разговор со новинарите вели дека е среќен што е повод за убава вест од неговата земја, од која, обично се јавува за крвави судири.