Британските потрошувачи гневни поради намалена грамажа на слатките по истата цена од претходно

Од:

Намалувањето на грамажата на прeхранбени производи во Велика Британија најмногу ги погоди љубителите на чоколади и други слатки.

Намалената грамажа особено ги погоди љубителите на чоколади Тоблероне, Марс и чоколадните бомбони Малтезерс.

Повеќе од 2.500 артикли за домаќинство денес се со помало пакување отколку во 2012 година, но со иста цена како и претходно, објави Националната канцеларија за статистика.

Влијанието на официјално измерената инфлација во Британија забележлива е кај шеќерот, џемовите, овошните сирупи, чоколадите и кондиторските производи при што слатките придонеле за раст на стапката на инфлација за 1,22 отсто од 2012 година.

Британската статистика објави извештај за трендови во прехранбената индустрија и меѓу другите производители дека на потрошувачите им нудат помалку, но за иста цена како одговор на се повисоките трошоци за суровини.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Изречени 23 парични казни на продавници за храна