Британските научници ќе ја испитуваат способноста на кучињата да откријат Ковид-19

Од:

Британската Влада со 500.000 фунти ќе го финансира испитувањето дали кучињата можат да намирисаат Ковид-19.

Истражувањето ќе го спроведат Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина, Универзитетот Дурхам и британската фондација Кучиња за медицинска детекција.

Кучињата за биодетекција веќе можат да препознаат одредени видови карцином. Веруваме дека ова иновација може да овозможи брзи резултати за поголема стратегија на тестирање, изјави британскиот министер за иновации Џејмс Бетхел.

Шест кучиња – лабрадори и кокер шпаниели ќе добијат примерок од мирис на пациент инфициран со Ковид-19 и ќе учат да разликуваат мирис на заразени од незаразени лица.

Фондацијата наведе дека претходно ги тренирале кучињата за откривање на одредени видови на карциноми, Паркинсонова болест и маларија.

Ако кучињата успешно го поминат тренингот, едно куче би можеле да „прегледа“ 250 лица за еден час. Методот би можел да биде користен во јавните простории и аеродромите.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот