Британските букмејкери заработија од доцнењето на кралското бебе

Од:

За Британците од петок почна спротивното сметање на раѓањето на кралското бебе.

Медиумите соопштија дека терминот за пораѓање на Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, бил 19 јули. За букмејкерите, меѓутоа, од овој датум почна големото броење на заработката од изгубени вложувања, пишува весникот „Дејли телеграф“.

Букмејкерските куќи „Корал“ и „Ладброукс“ соопштуваат за заработка од десетици илјади фунти само од непогодениот датум на раѓањето на кралското бебе.

„Корал“ само на овој влог заработил 25.000 фунти, а „Ладброукс“ 18.000 фунти.

Најмногу погрешни влогови биле ставени на раѓањеnbsp;воnbsp;минатата среда и минатиот четврток. Најголемата индивидуална загуба,пак, изнесува 1.000 фунти иnbsp;му припаѓалаnbsp;на човек од графовството Вилтшер, кој тврдел дека наследникот на тронот ќе се роди на 17 јули.

Откако мајката на Кејт Мидлтон, Керол, изрази уверување дека внучето ќе и биде хороскопски лав, почна новиот бран од вложувања на тоаnbsp;дека бебето ќе се роди идниот вторник, на 23 јули, когаnbsp;всушност почнува овој зодијачки знак.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство