Британски медиуми: Новак сакаме да те мразиме, престани да бидеш толку фин

Од:

Новак Ѓоковиќ, сакаме да те мразиме затоа што го победи Енди Мареј, можеш ли да престанеш да бидеш толку фин? – ова е насловот во еден англиски весник, поврзан со хуманитарната акција на Ѓоковиќ.

Светскиот рекет бр. 1 после големата шеста победа на Австралија Опен ја посети хуманитарната организација „Мелбурн Сити Мишн“, која им помага на некои од најзагрозените групи деца во Мелбурн, играше со дечињата и во име на неговат фондација донираше 20.000 долари како поддршка за нивната работа.

– Тој е најдобриот тенисер во светот и некој кој неодамна му го скрши срцето на Енди Mареј, победувајќи го во финалето на Австралија опен. Но веднаш откако по шести пат го освои Австралија опен, Ѓоковиќ ја покажа и својата друга страна – ги освои срцата како шампион на хуманоста. Дури и најзагрижените фанови на Мареј мораат да признаат дека е невозможно да не се сака Ѓоковиќ, напиша британски „Дејли Рекорд“.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ