Една 40-годишна Британка роди најголемо бебе по природен пат. Таа во Шпанија роди девојче тешко 6,2 килограми.
Максим Марин се породи во средата утрото во болницата Марина Салуд, во шпанскиот град Дени.
Поголемите бебиња најчесто доаѓаат на свет со царски рез, но Марин не побарала ниту епидурална анестезија.
– Во својата 40-годишна професионална кариера никогаш не сум слушнал за случај бебе со толкава тежина да се роди по природен пат. Многу сме задоволни како се помина, изјави шефот на гинекологија Хавијер Руис.
Марин, живее во Шпанија со партнер од Колумбија. Таа веќе родила три деца, кои биле тешки околу 4,5 килограми.