Британците испраќаат по 10 илјади СМС пораки со членовите на семејството

Од:

Во истражување објавено вчера се покажува дека просечните британци испраќаат околу 10 илјади СМС пораки на членовите на нивното семејство, оддалечени една или две соби.

Најчестите вакви пораки кои се испраќаат поради мрзеливост или избегнување на конфликт се „Можеш ли да го исклучиш телевизорот?”, „Што има за вечера?” или „Доаѓаш ли во кревет?”.

Дури 16 отсто од испитаниците одговориле дека испраќањето пораки е единствениот начин да ги послушаат децата, а ако почнат разговор лице во лице би завршил со расправија.

-Мобилните телефони денес се дел од нас, па затоа не е за изненадување да гледате луѓе кои испраќаат пораки во истата куќа, вели Викс Лејтон, стручно лице за потрошувачки прашања во „Broadbandchoices“. Таа ја објаснува оваа појава со „мрзеливост” или потреба да „зборува за чувствителни теми”.

Меѓу трите најчести такви пораки се романтичните: „Те сакам”, прагматичните „Ручек е готов” и типично британски „Дали сакаш да ми донесеш чај?”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП