Брендон Мекарти: Луѓето во минатото старееле побргу

Од:

На многумина им се чини дека луѓето во минатото старееле многу побргу отколку денес. Поранешниот бејзбол играч Брендон Мекарти ја постави оваа тема и доби бројни интересни одговори од своите обожаватели, илустрирани со стари фотографии кои, некако, ја поткрепуваат таа теза.

– Лиз Тејлор тука има 17 години. Изгледа прекрасно, како и секогаш, но не личи како да е во својата втора декада од животот, прокоментира следачот со Твитер-име Робин граѓанинот.

И познатата американска бизнисменка Деби Вајт се вклучи во разговорот. Таа се сложи со тезата.

– Дефинитивно. Моите родители тука се сликани кога мајка ми била бремена со мене. И двајцата имаат 23 години, напиша Вајт до оваа фотографија.

Посочен беше и славниот кошаркар Лари Бирд.

– Лари тука веројатно има 25 – 30 години, а изгледа како 30 години да работел како водоинсталатер, а потоа попладне играл кошарка за да остане млад, прокоментира извесен Хавиер.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска