Мајките, кои своето бебе го донеле на свет со царски рез се во дилема колку би требало да почекаат до следната бременост. Експертите го пронајдоа одговорот на нивното прашање.
Светската здравствена организација изминатите години препорачува втората бременост да биде една година по првата, без оглед на тоа дали првото дете е родено со царски рез или природно, што значи дека растојанието меѓу двете бремености треба да биде две години и девет месеци.
Од друга страна американското Министерство за здравство порепорачува да се почекаат три години.
Меѓутоа бројни медицински истражувања покажаа дека е важно да се почекаат најмалку 18 месеци по раѓањето на детето со царски рез.
– Општо правило е дека треба да се причекаат меѓу 18 и 23 месеци, а истиот тој период се препорачува и за жените, кои првото дете го родиле вагинално, појаснува гинекологот Брус Флем.
Експертите потсетуваат дека телото на мајката поминува низ силна траума, најпрво во бременоста, а потоа и за време на породувањето. И особено доколку тоа е извршено со операција неопходно е жената целосно да закрепне за да ги надомести хранливите материи, кои нејзиното тело ги загубило, давајќи му ги на бебето.
– На пример можете да бидете анемични, бидејќи целото ваше железо го добиле бебето и плацентата за време на бременоста, напоменува Флем.