Бремените жени навистина блескаат

Од:

На бремените жени често им велиме дека блескаат и тоа секако има врска со среќата, која ја чувствуваат, но и со уште нешто.

– Многу жени во бременоста изгледаат порумено, поздраво, поблескаво, вели дерматологот др. Сара Гаспард. 

Гинекологот др. Фелис Герш појаснува дека бремените жени така изгледаат поради подобрувањето на протокот на крвта во организмот. 

– Во бременоста, протокот на крв во организмот природно се подобрува, а крвните садови исто така природно се прошируваат за крвта да може непречено да стигне до постелката, појаснува таа. 
– Овие ефекти го предизвикуваат подобрувањето на протокот на крв до кожата, што и дава неверојатен сјај, додаде таа. 

И хормонските промени до кои доаѓа во телото во текот на бременоста исто така влијаат врз кожата, а последицата од тоа се сјајна и глатка кожа или акни, што зависи од типот на кожата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска