Брејкинг.нет: Пародија за блокадата на американскиот буџет

Од:

Порталот Брејкинг.нет на сатиричен начин ја претстави „кризата“ во Соединетите американски држави за кочењето и недонесувањето на буџетот.

Според веб сајтот, деблокирањето на постапката и изгласување на американскиот буџет ќе донесе нови кино сали, концерти, а најголем револт кај актерите во Холивуд предизвикал односот на Републиканците, кои во опасност го довеле јазикот културата и уметноста со неносењето на буџетот.

Колку чини нашиот јазик, нашата култура, нашиот идентитет. Колку чини остварувањето на сонот на Волт Витмен, Марк Твен, Т.С. Елиот и на многу генерации актери, сценаристи, музичари, балетани, сликари. Сите овие објекти вработуваат луѓе, но и отвараат можност за вработување на млади луѓе, наши колеги, уметници – изјави актерот Џерард Батлер кој доби силен аплауз од членовите на Академијата за филм.

Неизгласувањето на буџетот говори за вулгарната егзекуција на Холивуд и негoвата задача да засмејува истовремено и да го корегира општеството. Ако оваа криза продолжи во прашање ќе бидат доведени и Оскарите – изјави Џулија Робертс.

Секој ден сè повеќе расте и револтот кај американските пензионери, социјалци и стечајци кои ги загубиле рабтните места заради скорешната рецесија во Америка. Со протест пред Сенатот и овие американски граѓани повторно побараа разумност од републиканските членови на овој законодавен дом.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак