Членовите на студиото „Брејк а лег“ се натпреваруваат на Светското првенство во модерни танци кое се одржува во Копенхаген од денеска до 20-ти октомври во организација на Светската Танцова Организација (International Dance Organization). На првенството се пријавени преку 2.000 танчери од околу 30 држави.
„Брејк а лег“ ќе се претстави со 42 танчари кои ќе се натпреваруваат во дисциплините хип-хоп група и формација во повеќе старосни категории. Кореографиите се на Андријана Петковски.
Еден од официјалните интернационални судии на Светското првенство во Данска е Трајче Петковски.
За најуспешното студио во модерни танци во Македонија „Брејк а лег“ ова е четврто учество на Светското првенство. Претходните три години во Германија и во Австрија забележаа големи успеси секогаш освојувајќи пласман во финалето,во 2012. беа шести, а 2011. на петтото место.
За сегашниот настап на шампионатот се подготвуваа интензивно шест месеци. Во текот на подготовките вежбаа со професионални тренери по гимнастика од „Try to Fly“.