Бред Пит: Не сум склон на самоубиство

Од:

Холивудскиот актер Бред Пит неодамна, првпат после разводот, даде интервју за магазинот „GQ“ каде зборуваше за своето растење, бракот и семејството.

Во новото интервју за Асошиетед Прес, како што пренесува Фена, актерот призна дека многу работи на себе. Слободното време го поминува во „одржување бродот на површина“ и „барање нов концепт за семејство“.

– Децата се се, тие се твојот живот. Треба да бидат наш фокус, рече актерот.

– Не сум склон кон самобуство или така нешто. Толку многу има убавина и љубов во овој свет и многу љубов која треба да се даде. Се е во ред, тоа е само живот, додаде Пит.

Во неодамнешното интервју тој призна дека се труди да биде подобар татко и дека поради тоа оди на терапии.

– Избегнував многу од тоа. Само ги пуштив работите. Тоа секогаш беше долга игра за мене. Се надевам дека моите намери и работа зборуваат сами за себе. Немам тајни, немам што да кријам. Сите ние сме луѓе и таа човечка состојба е многу интересна. Ако не зборуваме за тоа, нема да бидеме подобри, искрено рече Бред Пит.

Би можело да ве интересира

По разводот Анџелина Џоли е побогата за вртоглава сума на пари

Предраг Петровиќ

Анџелина Џоли и Бред Пит повторно заедно, ама на филмското платно

А1он

Бред Пит се соочува со нови обвиненија во спорот со Анџелина Џоли

А1он

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Откриена е причината зошто Бред Пит и Џорџ Клуни не зборуваа со години

Бред Пит ја откри тајната што Џенифер Анистон ја крие со години

Предраг Петровиќ