Бразилски музичар падна од хотелски балкон и загина, се криел од сопругата која ја изневерувал

Од:

Бразилскиот музичар и диџеј Кевин Буено, попознат како Ем Си Кевин, загинал по пад од хотелски балкон на петтиот кат, додека наводно се обидувал да се сокрие од сопругата, откако учествувал во сексуален однос со манекенка и негов пријател, јавија локалните медиуми.

23-годишниот Буено бил во брак со сопругата Деолејн само две недели и заедно со неа престојувал на 11-от кат на хотелот.

Според информациите до кои дојдоа дел од бразилските медиуми, пријателот на Буено ѝ предложил на манекенката да има секс со музичарот, кој ќе ѝ биде платен, под услов за тоа да никогаш да не дознае неговата жена. Планот бил интимната средба да се одржи во собата на пријателот на петтиот кат од хотелот.

Сопругата на Буено ја соопшти веста за неговата смрт на Инстаграм

26-годишната манекенка изјавила дека прво имала однос со пријателот на Буено, Јонатас да Круз, кој исто така бил во хотелот. Тој, пак, им кажал на полицајците дека дошол во собата на Буено за да му даде кондом. Според неговата верзија, тој ги затекнал двајцата во сексуалниот чин и си заминал, но подоцна се вратил и кажал дека и тој сака да спие со неа.

Откако бил одбиен, тој отишол во бањата, ја треснал вратата и се сокрил позади завеса. Манекенката тогаш наводно му рекла на Буено дека нема да продолжи додека де Круз е во бањата, па Буено го исфрлил од собата. Во ходникот, де Круз наишол на член на обезбедувањето на Буено, кој му кажал дека неговата сопруга го бара насекаде низ хотелот.

Обезбедувачите преку порака го известиле Буено дека мора да излезе од собата, за неговата сопруга да не дознае што се случува. Неколку минути подоцна, пријателот на Буено вели дека го видел музичарот како виси од балконот, држејќи се за оградата и обидувајќи се да се спушти на подолниот балкон.

Но, тогаш Буено паднал, веднаш до хотелскиот базен, а и покрај обидите на медицинските екипи да го спасат, починал на пат кон болница. Неговиот закоп беше извршен завчера во Сао Паоло.

Полицијата ги испрашала пријателите на Буено, неговата сопруга и членовите на неговата продукциска екипа и засега нема назнаки дека некакво насилство му претходело на падот. Полицијата ја истражува можноста тој да се обидел да скокне во базенот, но паднал на бетонот веднаш покрај него.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата