Братот на Мајли Сајрус ја обвини Кети Пери дека ја копира неговата сестра: Те испративме во вселената, не успеа

Од:

Трејс Сајрус, братот на пејачката Мајли Сајрус, ја обвини Кети Пери дека ја копира неговата сестра.

Тој на својот Инстаграм профил објави видео во кое тврди дека во 2017 година Пери ја ископира фризурата на Мајли од 2012 година кога таа имаше кратка руса коса.

Трејс потоа раскажа измислен разговор меѓу Кети и нејзиниот тим во кој Пери наводно рекла дека сака иста фризура како Мајли. Покрај тоа, тој се присети на претходните соработки на Мајли тврдејќи дека Кети ги копирала со песни во хип-хоп стил.

“Погодете што, не успеа. Потоа проба некој EDM, кој ни не ѝ успеа. Те испративме во вселената. Нети успеа, ти се удри по глава. Откажи се”, рече Трејс.

Многу следбеници го поддржаа неговиот став, пишувајќи во коментарите под објавата на Трејс: „Те сакам, ти кажа сè како што треба“, „Конечно, некој требаше да го каже ова“, „Нејзиното патување во вселената беше за никаде“, „Сакам колку си лут поради ова“, „Морам да се согласам со тебе“, „Ја сакам твојата братска енергија, поддржи ја сестра ти“.

За потсетување, Кети Пери беше една од петте женски членови на екипажот кои полетаа до работ на вселената на 14 април. Покрај неа, во капсулата „New Shepard“ беа свршеницата на Безос Лорен Санчез, новинарката Гејл Кинг, филмската продуцентка Каријан Флин, поранешната ракетна научничка на НАСА Ајша Боу и активистката Аманда Нгујен Шејпар. Пери по враќањето ја бакна земјата, што налути многу корисници на социјалните мрежи, кои јавно ја критикуваа.

Би можело да ве интересира

Концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со финален спектакл во Кичево

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Спасен Силјаноски: Имаме поголем морал од српките пејачи, зошто би се соблекувал гол?

Предраг Петровиќ

Русија си направи своја Евровизија, почнува во сабота

Алкараз негираше дека има девојка: Не сакам сериозна врска

Бекер откри како дилер на кокаин му го спасил животот: Беше силен и смирен, луѓето го почитуваа