Австрија на Евровизијата во Данска наредната година ќе се претстави со трансвеститската ѕвезда, Кончита Вурст.
Вурст, чие вистинско име е Том Нојвирт, веќе учествуваше во националниот натпревар за Евровизија 2012 година, кога освои второ место.
Таа/тој оваа година е избрана на интернет конкурсот откако австрискиот јавен емитер ORF одлучи да ја прескокне организацијата на натпреварот заради заштеда.
Вурст отсекогаш мечтаел за кариера во светот на шоу бизнисот, а се прослави во 2006 година со учеството во талент шоуто „Starmania“. Една година подоцна стана член на еден бој бенд кој брзо згасна. Исто така, имаше забележителен настап на натпреварот „Die Grosse Chance“.
Пред три години првпат настапи како Кончита Вурст, а главно одбележје и е брадата на речиси женското лице.
Песната со која ќе се претстава Вурст во Копенхаген се уште не е избрана.