Борис Цветановски преку „Ris Flower“ ќе се претстави пред светската музичка сцена

Од:

Во бројно присуство на афирмирани артисти, музички експерти, колеги, пријатели и новинари во средата во кафулето „Каза бар“ во Скопје беше промовиран новиот музички проект на македонскиот артист Борис Цветановски, кој на интернационалната музичка сцена ќе се претстави под псевдонимот Ris Flower.

Неговата експлозивност како фронтмен препознаена од многумина, во комбинација со творењето на привлечни популарни теми и заразни мелодии, отпеани на англиски јазик, тој создава производ кој неоспорно има капацитет за достигнување на светските плејлисти.
Мистериозните текстови споени со музичките теми кои би допреле до секој, го дефинираат Ris Flower како инди-поп артист со мноштво од рок, денс-рок, пост-брит поп и инди-хаус елементи.

Снимањето и обработката на овој музички проект се направени од врвни и докажани продуценти во едни од технички најопремените и модерни музички студија во Турција, додека ангажираните музичари и продуценти за овој проект се всушност соработници на најголемите турски ѕвезди како Таркан, Мустафа Сандал, Сертеб Еренер и многу други.

Како продуценти и автори на аранжмани во овој проект се јавуваат Павле Васиљевиќ и Мустафа Чанбазлар, Арикан Сиракаја – микс и мастеринг (Studio Ari), Ема Јакимова како проект координатор и контент креатор и Даниела Ѓуровска како главен стилист.
Првата песна од овој проект е насловена „Translucent”, за која е изработен и видео запис. Темата во видеото е заробеноста на ограничениот ум во „коцката” (кутијата) и трнливиот пат кој треба да се мине за да се излезе од неа и да се дојде до состојба на слобода, конечно ослободување на умот.

Снимањето, продукцијата и режијата на видео записот е комплетно дело на Андреј Ѓорѓиевски.

„Translucent” е најава за се она во периодот што следи од „Ris Flower”.

Борис Цветановски можете да го следите на сите популарни музички платформи Apple Music, Spotify , Deezer, и на неговиот официјален YouTube канал на музичкиот сервис VEVO.

Би можело да ве интересира

Во Скопје почна музичкиот фестивал „Андерфест“

Ана Ололовска

Почнува второто издание на музичкиот фестивал „Андерфест“

Ана Ололовска

Нова песна на Наде Талевска Спасовска – „Оваа љубов“

Ана Ололовска

Пепа Димитрова го промовираше спотот за „Студени очи“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Лара Иванова како Алиса во земјата на чудата

Ана Ололовска

Следните три дена три музички настани во организација на „Авалон“

Ана Ололовска