А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Магазин

Борис Бекер се најде во центарот на скандал поради неговата изјава за Адолф Хитлер

by А1он05/04/2025 - 16:34721
Share0

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер, своевремено тренер на Новак Ѓоковиќ, предизвика бура на социјалните мрежи поради неговите коментари за теоријата на заговор за Адолф Хитлер, но набрзо се огласи и изјави дека неговата објава е погрешно протолкувана.

Добивај вести на вибер

Имено, Бекер сподели објава на корисник на мрежата „Х“, во која лажно се тврди дека Хитлер ја преживеал Втората светска војна и побегнал во Јужна Америка. Во англискиот коментар, Бекер напиша:

– Што не е во ред со сите тие филмови кои тврдат дека Хитлер умрел во Германија и Австрија…

Објавата брзо привлече внимание, а во четвртокот се огласи неговиот адвокат, кој посочи дека Бекер немал намера да ја поддржи теоријата на заговор, туку сакал да изрази изненадување од објавата.

– Ако неговиот твит бил погрешно разбран, тој се кае и веднаш го избришал – изјави адвокатот за ДПА.

Без разлика што на интернет со години се присутни разни теории за наводното бегство на Хитлер, нема докази дека нацистичкиот лидер ја преживеал војната. Адолф Хитлер се самоубил на 30 април 1945 година во бункер во Берлин, а неговите останки подоцна биле идентификувани.

Француските научници во 2017 година ги анализираа забите на Хитлер, кои се наоѓаат во Москва, и потврдија дека станува збор за автентични остатоци, што дополнително го потврди знаењето на историчарите.

boris bekerhitler

Би можело да ве интересира

Бекер откри како дилер на кокаин му го спасил животот: Беше силен и смирен, луѓето го почитуваа

Предраг Петровиќ13/09/2025 - 11:08

Клоп: Бекер да не го освоеше Вимблдон во 1985 година, јас немаше да бидам тука денес

А1он26/08/2025 - 17:1026/08/2025 - 17:02

Борис Бекер чека дете со 23 години помладата сопруга

А1он30/06/2025 - 20:00

Борис Бекер нема дилеми: Новак, Рафа и Роџер се за класа подобри од сите останати

А1он07/05/2025 - 16:50

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Катерина Ѓуровски22/04/2025 - 08:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен