Бора Чорба: Ниту сум рекол нешто за Македонија, ниту ќе се извинам

Од:

Српскиот рокер Борислав Ѓорѓевиќ или познат како Бора Чорба, демантира дека некогаш изјавил за Македонија дека е српска бановина, а Македонците зборуваат српски со говорна мана.
„Никогаш не сум кажал такви грозни работи. Немам намера да се правдам и извинувам затоа што такво нешто не излегло од мојата уста. Тоа е само болна медиумска конструкција“ изјави тој.
“Член сум на српското четничко движење, национално движење кое е многу постаро од втората светска војна. Националист сум, и тоа е добро.”, изјави неодамна Бора Чорба во емисија на хрватската “ТВ Нова”. За познатата емисија “Ред карпет” на “Нова”,  Бора изјави дека “Спремете се четници” е македонска песна, а Македонија е јужна српска бановина“.

По социјалните мрежи и интернет форумите, граѓаните деновиве коментираа дека Македонија дава огромни пари за истрошени балкански ѕвезди, наместо да инвестира во своите пејачи и музичари.
Бора Чорба често е во Македонија, беше на ланскиот охридски “Пиво фест”. Со “Рибља Чорба” во Скопје настапи во рамките  на турнејата по повод 30 години од формирањето.
Видеото е потсетување на она што за ТВ Пинк,  Бора Чорба го кажа во 2010 година за тоа кои се четниците, и зошто рекол дека нема да настапува во екс ЈУ просторите, особено во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола