Болница бара крв од девици за истражувања на ХПВ

Од:

Универзитетската болница за лекување на рак во Пекинг објавила оглас во кој бара крв од девојки на возраст меѓу 18 и 24 години, кои никогаш немале сексуален однос.

Иако барањето изгледа бизарно, лекарите објаснуваат дека крвта од девиците ќе им помогне во истражувањата кои се однесуваат на хуман папилома вирус (ХПВ)

Огласот предизвикал негативни реакции во кинеската јавност, а една револтирана корисничка на социјалните мрежи напишала: „Се бараат женски девици, но не и машки. Како тоа може да биде наука?“

Сепак, лекарите уверуваат дека крвта од девиците им е потребна за наоѓање нови методи за лекување на ХПВ, кој најчесто се пренесува преку сексуален однос.

– Нашата постапка е согласно меѓународната пракса. Крвта од девиците се користи како негативна контролна супстанца во истражувањата поврзани со ХПВ, бидејќи жените кои немале сексуални односи имаат многу мал ризик да се заразат, објаснува портпаролката на болницата Гуан Џупинг.

Како што пренесуваат медиумите, веќе 50 девици донирале крв за медицинските цели.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска