Боливискиот претседател Моралес сепак нема вонбрачно дете

Од:

Боливискиот претседател Ево Моралес не е татко на вонбрачно дете, затоа што такво дете воопшто не постои, пресуди Суд во Ла Паз.

Претходно, непостоењето на вонбрачното дете го потврди и боливискиот новинар Карлос Валверде, кој во февруари годинава објави дека претседателот-ерген има син од една негова поранешна вонбрачна врска.

Моралес подоцна призна дека две години бил во врска со жената која се прикажуваше како мајка на нивното заедничко дете, но објаснуваше оти му било речено дека детето починало набрзо по породувањето.

Новинарот Валверде сега тврди дека претседателот и жената никогаш немале заедничко дете.

Скандалот со вонбрачното дете се појави во текот на новинарската истрага за активниостите на една кинеска фирма во Боливија и за нејзиното „фаворизирање“ при добивањето на зделките. Скандалот доби на тежина кога беше обелоденето дека во боливиската филијала на фирмата, како еден од директорите, работи поранешната девојка на претседателот Моралес.

Тој никогаш досега не бил женет, а во периодот меѓу 2005 и 2007 година живеел со оваа жена. Таа му тврдела дека по раскинот, се родил нивниот син кој по породувањето починал.

Жената, која е уапсена во врска со зделките на фирмата, во затворот изјави дека нејзниниот „син“ од врската со Моралес е жив, но таа не дозволуваше детето да се сретне со „таткото“.

Моралес побара судски налог за средба на која му беше прикажано дете за кое „мајката“ не даваше да се направи ДНК тест и да се утврди татковството.

Сега меѓутоа е утврдено дека детето било „подметнато“.

Приврзениците на Ево Моралес тврдат дека целата афера има политичка заднина, затоа што таа избувна непосредно пред референдумот што претседателот го загуби со тесен резултат.

На референумот граѓаните одлучуваа за тоа дали да му се овозможи и четврти мандат на Моралес како претседател на Боливија, иако Уставот дозволува само два едно по друго мандати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он