Боки 13 во име на сите граѓани кои се пушачи упати отворено писмо до премиерот Никола Груевски, укажувајќи му дека истите се загрозени и дискриминирани без право на избор.
„Во ова мое јавно обраќање до Вас г-дине Груевски ќе се задржам само на проблемот наречен „Закон против пушење на јавни места“ и веднаш сакам да се оградам од било каква политичка конотација на ова мое писмо или било каква политизација на мојот лик и дело!
„Г-дине Груевски, Ве молам имајте милост за нас пушачите, имајте однос и испочитивајте ја нашата желба и нашиот избор да бидеме пушачи!
Кога го донесовте законот против пушење Скопје замре,без кеиф седнувавме во било кој кафиќ да испиеме кафе на нога, а да бидеме искрени до крај, многумина кои што се на раководечки државни позиции поставени од Ваша страна никогаш не го испочитуваа законот против пушење (пушеа и цигари и пури на јавни места)!
Денеска кога и да дојдам во Скопје јас се плашам да излезам во некое кафуле и да се напијам кафе, од едноставна причина што секогаш дома се враќам разболен и со температура!
Ве молам г-дине Груевски најдете разбирање за нас пушачите, направете нешто да имаме право на избор,направете закон да има јавни места за пушачи и јавни места за анти-пушачи. Ве молам донесете нов закон за нас пушачите, а искрено мислам дека дури и опозицијата ќе биде сложна со вас доколку донесете нов предлог закон за нас пушачите.
И за крај ние пушачите сме еднакви граѓани на оваа земја и гласачи на вашите политички идеи, немојте за заборавите на нас“, пишува Боки 13.