Писателот на новата книга за Џејмс Бонд, Вилијам Бојд, изјави дека актерот Дениел Деј -Луис би бил совршен за улогата на ликот 007, која тој ја креирал.
Книгата „Соло“ претставува нова авантура на 45-годишниот шпион кој заминува во Африка. Дејствието се одвива кон крајот на 1960-тите години.
Изданието на Бојд е претставено во Дорчестер хотелот во центарот на Лондон, во рамките на што беа претставени спортски автомобили, презентирани од стјуардеси.
– Ако би требало да изберам актер кој би го глумел мојот Џемс Бонд, тогаш тоа би бил актерот кој глумеше во моите филмови и кој го знам. Тоа е Дениел Деј-Луис, затоа што мислам дека тој потсетува на Бонд кој Јан Флеминг го опишува, вели Бојд.
Тој дополни дека Флеминг еднаш го опиша Бонд као „американскиот пејач и текстописец Хоџи Кармајкл.
– А Дениел Деј-Луис навистина изгледа како Кармајкл, рече Бојд.
Но, авторот смета дека голема е веројатноста дека „Соло“ нема да ја доживее својата екранизација.
– Дејствието е сместено во 1969 година, а филмовите за Бонд секогаш се сместени во сегашноста. Никогаш не прават ретро Бонд. Претпоставувамe дека би можеле да ја земат мојата платформа и ја осовременат, но тогаш се би било поинаку, затоа што тоа што е поставено во 1960-те година дава посебен шмек, додава Бојд.
Бојд досега напишал 11 книги, а голем дел од нив како „A Good Man In Africa“ и „Any Human Heart“ се екранизирани.
Оваа година се одбележува 60-годишнината од првата книга на Флеминг за Џемс Бонд „Casino Royal“.
Флеминг напишал 14 книги за Бонд. Сем Мендез кој го режираше „Скајфол“ рече дека 24-от филм за Бонд ќе биде снимен во 2015 година.