Бојата на кожата ги открива здравствените проблеми

Од:

Кожата бара и внатрешна и надворешна нега и многу брзо покажува како ја третираме. Освен природната боја на кожата, има и премногу невообичаени бои кои можат да се појават поради разни физички заболувања. Тие бои можат да се појават и на косата, очите, усните и ноктите.

 

Нормалната здрава кожа е чиста, мазна, малку сјајна и не премногу влажна. Доколку е поинаку тоа значи дека станува збор за некаква болест. Убавата кожа е резултат на избалансирана исхрана и оптимално количество на вода во телото.

Црвената кожа укажува на вишок мрсна храна, богата со шеќери, зачини, стимуланси и алкохол. Оваа боја на кожа покажува дека капиларите се проширени, а постои можност и за заболување од рак на бели дробови и органите за дишење.

Жолтата кожа открива дека е многу зголемено конзумирањето на јајца, месо и морков. Ваквата кожа укажува на проблеми со жолчното ќесе, црниот дроб и бубрезите.

Виолетовата кожа настанува кога се конзумираат премногу сокови, слатки, лекови и хемикалии (адитиви). Можат да се појават проблеми со цревата и хормоните.

Белата кожа го одразува зголеменото внесување на храна од животинско потекло, богата со масти и соли. Тоа упатува на стеснување на крвните садови и капилари, заболување на црниот дроб, слезината и лимфата.

Сината кожа е резултат на вишок на соли, шеќер, алкохол и сите видови на стимуланси. Најчеста е кај алкохоличарите. Таа упатува на заслабната работа на црниот дроб, слезината и панкреасот.

Сивата кожа упатува на проблеми со цревата, заболување на бубрезите и системот за излачување. Лицето со ваква боја на кожата внесува премногу белковини, масти и шеќери.

Зелена кожа имаат оние кои премногу внесуваат хемикалии и лекови во својот организам. Тоа може да биде знак за развој на циста, тумор или рак.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска