„БМВ“ со нова понуда „М-перформанс“

Од:

Меѓу моделите на „БМВ“ за кои М-одделот подготви широк спектар делови со „М-перформанс“, сега е и втората генерација на „Серијата 2“ со две врати. Купувачите на новата серија кои се подготвени за доплаќања можат да сметаат на богата понуда, со којашто компактното купе ќе се издвои од стандардните верзии.

Деловите „М-перформанс“ вклучуваат решетка на ладилникот, насочувачи за воздух, куќишта на огледалата и спојлер на капакот на багажникот – сѐ тоа изработено од карбон.

Има и налепници на страните и хаубата, а и капакот на резервоарот е исто така различен. Карбонот како материјал го најде своето место и на неколку елементи во темната кабина, во којашто се издвојуваат воланот и предните седишта.

Купувачите за кои пакетот „М-перформанс“ не е доволен, ќе треба да чекаат до крајот на следната година, бидејќи новиот „БМВ М2“ дотогаш ќе биде готов.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on