Близначките Ерика и Ташина Екли ист ден дознале дека се бремени, а во иста болница во Меин, истиот ден, родиле девојче и момче.
Младите 22-годишни мајки, бебињата ги со родиле неколку часа разлика. Ташина роди девојче Ајвори Мае Кашинг, а Ерика момче Кеиран Лејтон Картер.
– Се шегувавме дека би било кул бебињата да се родат истиот ден, но не очекуваме дека тоа навистина ќе се случи, рече Ташина за „Banor Daily News“, а нејзината сестра додаде: – Истиот ден купувме тестови и откривме дека сме бремени. Дури и на контрола отидовме заедно.
Секако, истиот ден и на мајка им одлучиле да и ја кажат радосната вест.
– Чекав неколку часа после сестра ми, а потоа ја прашав мајка ми, дали би сакала да има по едно бебе на секоја рака, како што тоа беше случај со нас. Не знаеше за што зборувам се додека не дозна дека и јас сум бремена, изјави Ташина.