Јагодите се идеално овошје за намалување на телесната тежина, затоа што поради некои нутритивни состојки, го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и го контролираат нивото на шеќерот во крвта. Една шолја јагоди содржат само 49 калории.
Јагодите имаат благотворно дејство на здравјето на организмот. Тие се богати со витамин Ц и влакна, содржат калциум, калиум и магнезиум. Исто така, ова овошје е богат извор на антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од појава на хронични болести и помагаат кај воспаленијата.
Истражувањата покажуваат дека јагодите помагаат во забавувањето на растот на клетките на туморот на црниот дроб и на стареењето на мозокот. Еден вид антиоксиданс кој се содржи во јагодите го намалува и ризикот од појава на срцеви болести и мозочен удар бидејќи ги штити крвните садови.
Јагодите се мошне омилени и кај децата и кај возрасните поради прекрасниот вкус, но и поради убавиот изглед. Во плодот има околу осум отсто шеќер, но 30-100 милиграма витамин Ц на 100 грама јагоди. Меѓу другото, јагодите содржат и минерални материи, од кои калиум, фосфор, калциум, сулфур, железо и во помали количества манган, цинк и јод.