Бионски очи им ветуваат вид на слепите

Од:

Австралиски научници се подготвуваат да лансираат технологија со чија помош слепите ќе прогледаат.

Имено, експертите од Универзитетот Монаш во Мелбурн развиле први безжични бионски очи кои ќе им го вратат видот на голем број слепи луѓе. Тие ќе можат да ги видат контурите на предметите и луѓето, да препознаваат бои, па дури и расположението на луѓето.

“Монаш вижн систем“, кој го развил тим од 60 експерти од овој Универзитет, им овозможува на слепите лица да ги видат контурите на предметите и луѓето благодарејќи на имплантот во мозокот кој е безжично поврзан со камера поставена на очилата или на прстот на корисникот.

Чипот преку електроди го стимулира визуелниот кортекс, а мозокот ги обработува податоците и ги создава во слики. Биолошки неутралниот имплант ќе се вградува неврохируршки низ мал отвор на черепот.

Се очекува истражувачкиот тим од Монаш да излезе со прототип во првата половина на 2014 година и да го тестира на слепо лице. Доколку тестовите бидат успешни, технологијата веќе во следните 10 години би можела да се најде во широка употреба.

Експертите предвидуваат дека со помош на овој апарат би можеле да прогледаат околу 85 отсто од целосно слепите луѓе. Постечките технологии, засновани врз импланти во мрежницата, овозможуваат враќање на видот за мал број од пациентите.

Вредноста на овој проект изнесува 15 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска