Биолошкиот часовник работи и кај мажите, по 40-та помала веројатноста за зачнување

Од:

Мажите кои сакаат да станат татковци, тоа треба да го направат до 40-тата година, затоа што постои можност нивните деца да имаат поголем ризик од добивање на сериозни болести.

Во медицинските студии, но и во обичните животни разговори, најчесто се споменува биолошкиот часовник кај жената. Сега и мажите се предупредени ако сакаат да станат татковци дека тоа е најдобро да го сторат до 40-тата година.

Специјалистите за плодност открија дека мажите не се имуни на репродуктивно стареење како што порано се мислеше. Тие ги советуваат мажите да основаат семејство до 40-та година за да се намалат шансите нивните деца да заболат од Даунов синдром, аутизам или други ментални болести.

Во студијата, која е објавена во  журналот „Stem Cells“, анализирано е влијанието на годините на таткото и неговиот начинот на живот врз здравјето на детето. Меѓу другото се наведува како мажите до 40  и повеќе години имаат шест пати поголеми шанси да имат аутистични деца, отколу татковците помлади до 30 години. Се смета дека спермата со годините станува пооштена.

Загрижувачки е тоа што некои дефекти се пренесуваат на другите генерации и со овие болести би можело да бидат погодени и внуците.

Исто така студијата предупреди дека количината на алкохол, која мажите ја пијат може да влијае врз децата. На бебето може да му биде детектиран Фетален алкохолен спектар на нарушување кое предизвикува проблеми со концентрацијата, хиперактивноста и слаба координација и во случаи кога мајката не пиела. Конзумирањето алкохол е поврзано и со помал мозок кај бебињата како и со пониска интелегенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска