„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше” по седми пат

Од:

Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, в недела по седми пат ќе се одржи во Скопје.

Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред седум години. Годинава настанот ќе се одржи на плоштадот „Κаρпошово Востание” (пρед Музејот на холоκаустот) од 19:30 до 22:00 часот.

Музичкиот хепенинг е по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје. Целта, е велат, заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.

Од фан-клубот на Тоше Проески во Македонија ги повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат.

– Сеќавањето на тебе, твоето постоење, љубовта и песните се патоκаз, κој ни дава сила и оваа година да ја пρодолжиме тρадицијата, велат од фан-клубот.

Во рамките на одбележувањето на овој датум, в недела во периодот oд 10 до 18 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?“.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска