Синдромот на ненадејна смрт кај децата е причина за починување на 4.000 случаи годишно, а тоа за медицинските експерти и натаму е нерешлива мистерија.
Наскоро на светскиот пазар во продажба ќе се појави лежака која би го спречила овој распространет проблем. Лежалката „Crescent womb“ е дизајнирана со цел на бебето да „и го олесни преминот од стомакот во светот“.
Автор на лежалката е Џејмс Спенсер, кој направи нешто слично на висечка мрежа за лежење, која всушност е ергономичен кревет во кој бебето има чувство како некој да го држи и да го ниша. Лежалката го држи бебето во фетална положба, така да рбетот се развива на природен начин, наместо во права линија.
– Лежалката е направена од еластичен материјал, со што буквално го реплицира поддршката на мајчиниот стомак. Нема опасни делови и електронски апарати, само егрономски дизајн кој природно го имитира стомакот на мајка, посочи Спенсер.
Тој планира лежалката да биде достапна во целиот свет.