Беспотребно ги фрлате парите: Шест бескорисни производи за бебиња

Од:

 На пазарите има се повеќе бескорисни работи и иако некои од нив со години се присутни и секогаш го пронаоѓаат патот до својот нов сопственик, родителите ретко или речиси никогаш нема да ги користат.

Следуваат шест бескорисни производи, на кои не би требало да ги трошите парите:

Чевлички за новороденчиња

Се додека бебето не прооди купувањето чевлички е фрлање пари. Знаеме дека се неодоливи, но подобро чувајте ги парите и купете квалитетни чевли кога на бебето ќе му требаат цврсти и стабилни обувки, а дотогаш уживајте во чорапчиња.

Видео монитор

Класичниот „бејби-фон“ е сосема доволен за надзор на бебето, кое спие во соседната соба. Додека тоа спие имате голем број други обврски, па сигурно нема да седите пред монитор и да го гледате бебето како спие. Ако тоа го сакате секогаш можете да седнете покрај креветчето и да уживате во погледот.

Сетови постелнина

Комплетите постелнини за бебе често се и двојно поскапи од оние за вашиот брачен кревет. Ако слушате совети за безбедноста на бебето во текот на ноќта, некои делови нема да смеете да ги користите. Затоа најдобро е да купите еднобојна постелнина и да си го олесните отстранувањето дамки.

Детергенти за бебе

Често цените се над оние на обичните детергенти, а сосема се непотребни. Колку и да е нежно средството, тоа не би требало да дојде во допир со нежната бебешка кожа. Користете класичен детергент и додека бебето е многу мало исперете ја облеката два пати.

Маса за пресоблекување

Иако се преубави и совршено би се вклопувале во собата на вашето бебе размислете однапред. Цените често се високи, а масата е бескорисна кога бебето ќе престане да носи пелени. Наместо тоа се подобро е да купите комода, чија висина ќе ви одговара за пресоблекување на бебето, а во фиоките секогаш ќе може да се чуваат работи на бебето.

Грејач за шишиња

Ако имате и најевтин електричен грејач за вода, всушност имате и грејач за шишиња. Дури и ако немате, споредете ги цените и ќе ви биде јасно што е поисплатливо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска