Бесплатни часови по јога за трудници

Од:

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во соработка со Министерството за здравство од 1 март ќе организира бесплатни часови по јога за трудници.

Три групи двапати неделно ќе имаат часови со почеток во 17 часот (понеделник и четврток, вторник и петок, среда и сабота), а во зависност од интересот ќе бидат одредени и нови термини.

Новината денеска на прес-конференција ја соопшти директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински, кој истакна дека ќе бидат прва институција во земјава што ќе организира  бесплатни часови по јога за трудници.

– Грижејќи се за здравјето на идните мајки, преку искористување на бенефитите на јогата, веруваме дека ова е одлична нова активност, која само ќе ја дополни и онака богатата спортска понуда на СЦ „Борис Трајковски“. Важно е да се напомене дека јогата за трудници е комплетно прилагодена на оваа состојба кај жените и поделена во три фази, согласно со развојот на бременоста. Како мерка на претпазливост, сите бремени жени кои ќе ги посетуваат бесплатните часови по јога за трудници ќе треба да се консултираат со својот лекар, за својата физичка способност за да се избегнаат несакани последици, рече Перински.

Инструктор на часовите по јога за трудници ќе биде Ивица Митов, а со поддршка на Министерството за здравство на секој час ќе биде присутно медицинско лице за дополнителна сигурност кај трудниците.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска