Полуфиналето на националниот избор на Србија за Евровизија ќе се одржи вечерва.
Петнаесет песни и исто толку кандидати ќе добијат прилика да се натпреваруваат на фестивалот „Беосонг 2013“, а само пет од нив ќе се пласираат во финалето.
Најдобрите ќе ги изберат граѓаните на Србија кои преку смс пораки ќе можат да го дадат својот глас.
Вечерва меѓу учесниците настапува и Маја Оџаклиевска.