Бенкси е автор на сликата на ѕидот на затворот во Ридинг

Од:

Мистериозниот британски уличен уметник Бенкси потврди дека тој ја насликал новата слика на ѕидот од црвена тула, од некогашниот затвор во Ридинг, Англија.

Бенкси објави и видео на Инстаграм, за тоа како ја создава сликата на затвореник кој бега, користејќи јаже што излегува од машина за пишување. Цртежот се појави во понеделникот, на предниот ѕид на затворот Ридинг, каде што, меѓу другото, и писателот Оскар Вајлд отслужил две години за „флагрантна непристојност“ во 90-тите на 19 век.

Делото е наречено „Создај бегство“. Според градските власти, уметникот, се чини, ја поддржал кампањата за претворање на затворската зграда во уметнички центар.

Затворот беше укинат 2013 година, а британски граѓани сега бараат пренамена на зградата. Британското Министерство за правда – сопственик на зградата, ќе одлучува за тоа во средината на март. Кампањата доби поддршка и од Џуди Денч, Стивен Фрај, Кенет Брана и други познати Британци.

Би можело да ве интересира

На крадецот на муралот на Бенкси во Украина му се заканува 12 години затвор

А1он

Бенкси донира 13 милиони долари за пренамена на затвор

Ана Ололовска

Бенкси со ново улично уметничко дело во Бристол, Англија

Ана Ололовска

Украдена муралот на Бенкси на врата од театарот Батаклан во Париз

Ана Ололовска

Продаден муралот„Поздрав до сезоната“ на Бенкси

Ана Ололовска

Бенкси уништи негова слика вредна 1,3 милиони долари

Кристијан Ландов