Редовниот медицински третман на бенигните тумори кај надбубрежните жлезди може да спречи голем број случаи на зголемен крвен притисок, соопшти истражувачки тим од Кембриџ.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека повеќе од 10 отсто случаи на висок крвен притисок се предизвикани од мали бенигни израстоци, како и дека со нивен редовен хируршки третман младите пациенти би можеле доживотно да престанат со земање лекови за висок притисок.
Високиот крвен протисок може да има смртоносни последици бидејќи го зголемува ризикот за ненадејна смрт по срцевите и мозочните удари, а научниците ова откритие го опишуваат како „исклучително возбудливо“.
Експертите од порано утврдиле дека поголемите бенигни израстоци на надбубрежните жлезди кои произведуваат хормони, можат да доведат до нарушување на крвниот притисок. Било која хируршка интервенција за отстранување на туморот може да го намали зголемениот крвен притисок, е заклучокот на истражувањето.
Сега е откриено дека дури и многу малите бенигни израстоци во разни делови на жлездите имаат еднаков ефект како и останатите, бидејќи го зголемуваат количеството на алдостерон кој при ослободувањето во бубрезите задржува повеќе соли и на тој начин доведува до зголемување на крвниот притисок.