Бенедикт Камбербач се отрул со никотин при снимање филм

Од:

Британскиот глумец Бенедикт Камбербач за магазинот „Есквајер“ (Esquire) изјави дека улогата на селанец кој постојано пуши во филмот „Power оf the Dog“ му била исклучително тешка.

– Три пати се отрув со никотин. Навистина е страшно кога треба толку многу да пушите пред камера!, нагласува актерот.

Камбербач глуми сопственик на најголемиот ранч во американската сојузна држава Монтана. Како што раскажува глумецот, тој пушел нефилтрирани цигари и тоа го направил за целосно да влезе во ликот.

– Сакав луѓето во собата „да ме помирисаат“. Сепак, беше тешко, рече тој.

Камбербач откри со нетрпение и малку трема го очекува продолжението на „Доктор Стрејнџ“ во 2022 година, во коешто повторно ќе се појави во главната улога. – Се плашам бидејќи првиот филм постигна огромен успех, а доктор Стрејнџ стана многу сакан лик, изјави глумецот.

Според истражување објавено во февруари, една сосем друга улога на Камбербач – Шерлок Холмс е најпопуларниот британски херој на сите времиња, меѓу гледачите на Би-би-си.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска