Припадничките на понежниот пол денеска ќе се тркааат во „Дуелот во венчаници“ која ќе се одржи во Белград, а за некои тоа ќе биде прилика за прв пат да облечат венчаница.
Трката е на 150 метри а за победничката следува вредна награда.
Минатогодишната победничка патеката со венчаница ја истрча за 23 секунди. Трката со венчаници е манифестација што Белград го стави на мапата на автeнтични светски случувања.
Фотограfиите од минатата година на убавите дами кои трчаат во венчаници беа пратени во светот како разгледници од Белград.