Бебињата ве разбираат повеќе отколку што мислите

Од:

Бебињата стари само седум месеци ги имаат основните социјални вештини и можат да разберат што прават нивните родители, тврдат научниците.

– Тоа е важна вест, дека бебињата го разбираат тоа што го гледаат. Докажано е дека постои директна врска меѓу набљудувањето на другите, разбирање што тие прават и учење како тие работи бебето да ги повтори, изјави коавторката на студијата Аманада Вудвард од Универзитетот во Чикаго. Научниците истражувале како мозокот на бебињата го процесира однесувањето на другите луѓе, а во студијата учествувале 36 бебиња на возраст од седум месеци. Мозочната активност на овие бебиња е тeстирана со помош на капа, која се користи во електроенцефалографијата.

За време на експериментот, секое бебе ја набљудувало возрасната личност, која бирала меѓу две играчки. Веднаш потоа бебињата бирале една од двете играчки, кои им биле понудени на возрасните. Овој процес е повторуван 12 пати.

Со следење на мозочните активности на бебињата е утврдено дека тие го имитирале она што го правеле возрасните луѓе, односно при набљудување на возрасните личности кај бебињата се активирал моторниот центар.

– Нашето истражување ги обезбедува првите докази дека активацијата на моторниот центар е поврзан со социјалната интеракција на новороденчињата, вели авторката на студијата Корни Филипи.

– Оваа студија ни кажува дека бебињата стари шест, седум месеци почнуваат да разбираат дека однесувањето на другите има одредена намера – во прилог на тоа говори што бираат една од играчките, бидејќи го сакаат токму тоа, вели професорката по психологија др. Хелен Фласберг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска