Кога бебето почнува со лазење и начинот на кој тоа го прави, како и колку долго го прави дава специфичен увид во тоа како е организиран неговиот мозок. Родителите треба да ги поттикнуваат децата да лазат.
На шест месеци возраст бебето треба да почне да се обидува да лази. Но, можно е во следните три месеци да не научи да лази.
Педијатрите наведуваат дека некои бебиња никогаш не лазат во права смисла на зборот односно само едната нога ја движат, а другата ја влечат.
Има и бебиња кои едноставно ја прескокнуваат фазата на лазење и веднаш почнуваат со одење, но лазењето има позитивни страни. Лазењето им помага на бебињата да ги зајакнат нозето за подоцнешното одење, но и помага во подоцнежното учење.