Бебињата плачат на „мајчин јазик”: Откриена е поврзаност во тоновите

Од:

Кога почнуваат да учат да зборуваат децата го усвојуваат акцентот на своите родители, а според новата студија јазикот на кој им зборуваат мајките исто така влијае и на тоа како ќе звучи плачот на бебето.

Научниците откриле дека првиот плач на новороденчето содржи обележје на говорот на мајката. Плачот на детето ќе биде помелодичен ако неговата мајка зборува со тонален јазик, во кој произведените тонови високи или ниски имаат различно значење.

Пример за тонални јазици се мандаринскиот кој се зборува во Кина, Виетнам и Тајланд, како и ламнсо кој се зборува во северозападен Камерун. Овие јазици бараат поголема вокална спретност за да се зборува разговетно.

Професорката Кетлин Вермке која ја води студијата во Центарот за развој на говор на Универзитетот во Вирзбург вели дека откритијата сугерираат дека раното учење на јазикот почнува во мајчината утроба. „Плачот на новороденчето чија мајка зборува тонален јазик има значително повеќе мелодиски варијации споредувајќи го на пример со германските новороденчиња. Нивниот плач звучи како пеење” – рече Вермке.

Исто така, бебињата родени во Камерун и во заедници каде се зборува ламнсо јазикот имаат поголема висина на тоновите во однос на европските деца. Високите и пониските тонови кога плачат бебињата од Камерун се поинтензивни. Слични резултати се откриени кај децата од Пекинг, но на помало ниво.
Ламнсо е комплексен тонален јазик кој користи осум различни тонови кои даваат значење на зборовите и има специфична флуктуација во висината за да се потенцира значењето на одредни звуци.

Научниците рекле дека ова е показател дека бебињата почнуваат да ги учат јазиците порано од што се мислело.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска