Славната кукла Барби направи уште еден чекор кон модернизација на својот имиџ, со тоа што доби лик на инженерка по роботика, со цел да ги привлече девојчињата кон оваа, но и слични други професии.
Само 24 отсто од научните професии ги држат жени, па новата кукла е замислена така што би ги поттикнала, додека се уште се мали, да се интересираат за наука низ игра, но и да учат кодирање. Сето тоа благодарејќи на партнерството на Матела со информатичката фирма за деца „Тинкер“.
Компанијата претходно лансираше и Барбика со ликот на олимписката шампионка во мечување Ибтихај Мухамад, црномурестата гимнастичарка Габи Даглас, а куклата на мексиканската сликарка Фрида Кало се соочува со авторски спор и забранета е за продажба во Мексико.