Девојките ширум светот уживале додека си играле со Барби куклите кога биле мали. Секоја од нив изгледала совршено и се чини дека претставувала „девојка“ без ниту една маана. Но, сега се појавија Барбики со кои сите можеме да се поистоветуваме поради тоа што повеќе потсетуваат на обични девојки.
На инстаграм-налогот Trophy wife Barbie можат да се најдат фотографии од Барбики кои се помалку гламурозни.
Некои кукли се прикажани со сало на стомакот, целулит на задникот или во ситуации кога девојките имаат менструација.
Некои кукли се фотографирани и како „прават пауза“ за цигара.
Овој инстаграм-налог го води уметничката од Јужна Африка со име Анелиес Хофмејр. Таа низ овој проект сакала да го истражи женскиот идентитет.
Оваа Барбика покажува дека постојат различни начини како една жена може да изгледа.
Се чини дека со оваа идеја се согласуваат и голем број обожаватели на „Инстаграм“.