Бактерии во женските чанти

Од:

Женските чанти се контаминирани со бактерии значително повеќе отколку просечен тоалет, открива нова студија.

Највалканиот предмет во чантата е кремата за раце на која има повеќе бактерии отколку на даската на веце школката.

Најмногу бактерии има на кожните чанти, бидејќи сунѓерестата текстура на кожата е совршена за раст и ширење на бактерии, велат научниците кои им препорачуваат на жените редовно да ги мијат рацете и да користат дезинфекциски марамчиња за чистење на чантите и нивната содржина.

Истражувањето кое го спроведоа експерти од Институтот „Initial Washroom Hygiene“ покажало дека рачката на секоја петта женска чанта има доволно бактерии што претставува ризик по здравјето.

Во истражувањето нешто подобро поминале кармините и маскарите. Чантите редовно доаѓаат во контакт со рацете и бројни други површини така што ризикот од пренесување бактерии е исклучително висок, особено ако чантата ретко се чисти.

Кога бактериите ќе се најдат на чантата, тие без проблем можат да се пренесат на други површини со помош на рацете.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска