Австриската Влада го откажува одржувањето на виенскиот Бал на операта

Од:

Австриската Влада денеска, најверојатно, ќе го откаже одржувањето на главниот виенски Бал на операта за следната 2021 година. Причината е епидемијата на коронавирусот.

– Оваа одлука не е лесна, но би било неодговорно балот да се одржи на вообичаен начин, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој и вицеканцеларот Вернер Коглер, во заедничка изјава истакнаа дека фактот што ваквите манифестации се можни жаришта на зараза, ги принудува да го откажат и Оперскиот бал.

Свеченоста требаше да се одржи на 11 февруари 2021 година.

Виенскиот комитет за традиционални балови минатата недела донесе одлука да ги откаже сите свои други балови. Сезоната на балови во Виена е важен економски фактор, имајќи предвид дека минатата година, според проценките на националната Стопанска комора, околу 520.000 посетители придонеле за приходи од 151 милион евра.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски