Австралиската премиерка плете играчка за кралското бебе

Од:

Премиерката на Австралија Џулија Гилард изјави дека плете играчка кенгур за бебето на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

– Плетам играчки за бебиња. Тој е дел од моето хоби, кога имам малкуслободно време, истакна Гилард.

Првото дете на Вилијам и Кејт треба да се роди во средината на јули. Гилард сака да се претстави во различна светлина пред парламентарните избори, што се закажани на 14 септември.

Според најновата анкета десницата ќе ги победи лабуристите на Гилард со 56 наспроти 44 проценти.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ