Авионот на Елтон Џон за малку ќе се урнел

Од:

Англискиот пејач Елтон Џон доживеа вистинска драма кога неговиот приватен авион се расипа на сред лет, па пилотот мораше принудно да слета, а на аеродромот се собраа пожарникари и брза помош.

Приватниот авион со кој патувал Елтон Џон на настапот се расипал среде летот, а дефектот на хидрауликата предизвикал вистинска драма внатре во авионот.

Авионот вреден 66 милиони фунти полетал од аеродромот во Англија и заминал за Њујорк, бидејќи Елтон Џон имал закажан концерт во Америка. По само еден час патување, одеднаш откриле дефект во хидрауликата, па пилотот морал полукружно да се врати на брегот на јужна Ирска, кој бил најблиску за слетување.

Пилотот ја известил контролата на летање дека ќе изврши принудно слетување, но имало и потешкотии, бидејќи поради ветерот двапати не успеале да слетаат на аеродромот.

Екипажот на брзата помош и пожарникарите го чекале Елтон и неговиот тим на аеродромот, а Филип Томсон кој бил на лице место објаснил како изгледала оваа драматична ситуација.

“Авионот беше погоден и не можеше да слета. Се спушташе, но пилотот се откажа кога сфати дека ќе удри во пистата, па повторно се вивна во воздух. Ветерот го нишаше авионот од едната на другата страна, но пилотот се откажа кога сфати дека ќе удри во пистата и кога веќе по трет пат успеа да слета, сите почувствувавме олеснување“, изјави очевидец, пренесуваат странските медиуми.

Иако бил многу вознемирен, Елтон Џон само неколку часа подоцна се качил на авион за Њујорк, за да не задоцни на концертот закажан во Медисон Сквер Гарден.

Би можело да ве интересира

Работите на Елтон Џон продадени на аукција за осум милиони долари

Горан Наумовски

Елтон Џон и официјално се прости од публиката со емотивен концерт

Предраг Петровиќ

Елтон Џон повикува на масовно тестирање за ХИВ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Елтон Џон ги повика фановите на сцена, па ги пцуеше: Гонете се, се уништивте

Наум Локоски

ВИДЕО: Елтон Џон погоден со ѓердан во глава на сред концерт

Наум Локоски