Атрактивните жени се поздрави и под помал стрес

Од:

Атрактивните жени немаат само убаво лице. Поради својата самодоверба тие помалку лачат хормон кортизол, кој е поврзан со стресот, покажа нова студија.

Истражувањето истакнува дека стресот исто така влијае на плодноста, па со самото тоа, истакнуваат истражувачите, фацијалната атрактивност сингализира репродуктивен потенцијал.

Стресот влијае и на метаболизмот, нивото на енергија, крвниот притисок и многу други болести.

Атрактивните жени исто така имаат доволна количина масти во телото, покажа истражувањето објавено во журналот Биологѕ Леттерс.

– Интересно е тоа дека фацијалната атрактивност во негативна корелација е со ниво на плазма кортизол, што укажува на тоа дека стресот ја намалува атрактивноста на жената. Исто така, ниското ниво на кортизол е показател на здравјето на лицето на жената. Тоа е докажано со многу истражувања за стресот, кој има големо влијание и на имунолошкиот систе, срцевите болести и слично, вели др. Маркус Рентал, лидер на истражувањето.

Исто така, укажано е на тоа дека убавината не значи и имунитет за сите болести, посебно не за хепатитис Б.

Научниците со децении верувале дека мажите кај жените бараат фацијални обележја, како големи очи, мал нос и полни усни, како знак дека се здрави и дека своите гени можат да ги пренесат на идната генерација.

Но, со ова истражување е докажано дека убавината не е само површна, како и тоа дека таа е поврзана со здравјето и плодноста.

Но, иако таа убавина е добра за нив, на мажите женската убавина може да им штети. Шпанска студија која е направена пред три години тврди дека убавите жени можат да бидат лоши по здравјето на мажите, бидејќи предизвикуваат зголемено ниво на кортизол кај нив. Само пет минути во друштво со убава жена, може толку многу да го зголеми нивото на тој хормон кој може да доведе до срцеви болести.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска